//
Следи нѐ
To Top

Премиерот Заев го осуди терористичкиот напад во Барселона

Владата на Република Македонија го осудува терористичкиот акт во Барселона, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство.

– Изразуваме жалење до семејствата на жртвите од овој нечовечки акт на насилство, како и до државите од кои доаѓаат, а на повредените им посакуваме брзо опоравување, се наведува во денешното соопштение од Владата.

реклама

Оттаму изразуваат надеж дека безбедноста на граѓаните на Барселона, како и сите туристи кои се таму е веќе обезбедена.

– Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа е дека во овој момент кога тагуваме за жртвите, осудата на омразата и насилството мора да биде одлучна и силна. Истовремено мораме да ги зајакнеме заложбите кои промовираат единство и слобода, наспроти поделбите и дискриминацијата, порачува премиерот Зоран Заев.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: