Поврзи се со нас

Популарно.мк

Тејлор Свифт се повлече од социјалните мрежи, фановите мислат дека подготвува нов албум

Музика

Тејлор Свифт се повлече од социјалните мрежи, фановите мислат дека подготвува нов албум

Американската пејачка Тејлор Свифт ненадејно ги избриша сите профили на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тамблр и Јутјуб, што ги вознемири нејзините фанови. 

На Фејсбук, Твитер и Инстаграм, Тејлор имала над 262 милиони следбеници, а нејзините фанови на Твитер дискутираат за тоа поради што се повлекла од социјалните мрежи и што и се случило. Мистеријата за нејзиното исчезнување се обидуваат да ја решат и светските медиуми, како и таблоидите. Многумина сметаат дека овој потег на Тејлор Свифт е само маркетиншки трик и увертира во нејзиниот нов, шести студиски албум, на кој работела во тајност.

Некои медиуми пишуваат дека го следи примерот на еден американски бенд, кој за да порасне продажбата на нивниот албум, оваа година во мај го направи истото.

Многумина тврдат дека во последно време се поретко излегувала и се криела од фотографите, а кога излегувала од дома се криела во широка облека со капа.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.