Поврзи се со нас

Популарно.мк

Американските рок легенди ТОТО ќе настапуваат во Скопје

МК Сцена

Американските рок легенди ТОТО ќе настапуваат во Скопје

Eден од најголемите американски бендови на сите времиња – ТОТО, за прв пат доаѓа во Скопје, со концерт во рамките на јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење, на 5-ти март 2018-та година, во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Познати по своите врвни свирачки достигнувања, ТОТО е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а членовите ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“.

Во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена “40 Trips Around The Sun”, со која одбележуваат 4 децениска работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.

– „Јас, David, Steve и Joseph сме задоволни и истовремено возбудени за долгогодишниот успех на бендот. Оваа јубилејна турнеја, по повод 40 години од постоењето на ТОТО ќе биде многу специјална турнеја за секој од нас и за сите наши фанови низ светот“ – вели гитаристот Steve Lukather.

За родоначалниците на стадионскиот рок ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци.

Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди.

Цените на влезниците за овој навистина голем музички настан ќе бидат објавени утревечер во 21 часот, а продажбата ќе стартува на 25ти август во 09 часот преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.