Следи нѐ
To Top

Централен регистар ланската добивка наместо во Буџетот ја уплатил на АД „Бетон“

Претходното раководство на Централниот регистар, добивката од минатата 2016 година во износ од 22 милиони денари наместо во Буџетот на Република Македонија, на барање на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор ја исплатил на градежната компанија АД „Бетон“ што ја градела зградата каде сега е сместена оваа институција, без за тоа да има правна основа.

Од Владата имформираат дека парите се префрлени врз основ на одлуката на Управниот одбор на Централниот регистар, со што била нанесена штета на редовното работење институцијата.

реклама

Истакнуваат дека добивките на државните претпријатија или агенции треба да одат на сметка на Буџетот.

Ова вчера било констатирано и на седница на Владата, која му препорачала на новото раководство на Централниот регистар да ја преиспита правната основа за оваа одлука на Управниот одбор на институцијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.