Поврзи се со нас

Популарно.мк

ИСТРАЖУВАЊЕ: Наргилето сепак е поштетно од цигарите

Магазин

ИСТРАЖУВАЊЕ: Наргилето сепак е поштетно од цигарите

Многумина сметаат дека пушењето наргиле е помалку штетно од конвенционалните цигари, па претпочитаат да веруваат во тоа, со цел – да ја смират својата совест околу уништувањето на своето здравје. Сепак, науката смета дека тоа е само мит.

– Пушењето наргиле е всушност многу поштетно од цигарите, бидејќи количеството чад што се внесува во белите дробови од едно испушено наргиле, е еднакво на 100 цигари, посочува бугарскиот пулмолог, д-р Софија Ангелова во интервју за БТВ.

– Просто, нема нештетно пушење! Што и да се пуши, ние внесуваме токсични материи што можат да доведат до хронични белодробни заболувања, и тоа сериозно да му наштети на пушачот. Апсолутна заблуда е тоа дека водата во наргилињата го филтрира чадот, нагласува натаму докторката.

Натаму, таа појаснува дека белиот дроб се развива до 25-годишна возраст.

– Дишниот систем на 14, 15, 16-годишниците се уште не е целосно развиен. Ако еден млад човек почне да пуши, хроничното заболување е речиси неизбежно, додава таа.

Според неа, самиот пристап до наргилето треба да биде ограничен.

– Имено, родителите треба да мислат на здравјето на своите деца. Информирајте се!, гласи нејзиниот заклучок.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.