Следи нѐ
To Top

КАФУЛЕТО РАБОТИ НОРМАЛНО: „Дежаву“ во Аеродром не е затворено од УЈП

По пишувањата во дел од порталите дека Управата за јавни приходи го затворила објектот „Дежаву“ во Аеродром, од кафулето целосно ги демантираат овие пишувања.

Нашата редакција се обрати до Зоран Василевски, лице за односи со јавност на кафулето кој изјави:

реклама

– „Дежаву работи нормално, како и секој останат ден. И ние како и сите останати угостителски објекти подложиме на контроли, но не се утврдени неправилности и работиме нормално. Целосно ги демантираме тенденциозните објави во дел од порталите и социјалните мрежи дека нашето кафуле е затворено од УЈП.“ – вели Василевски.

Оваа вест беше демантирана и од портпаролот на УЈП кој во кратка телефонска изјава за нашиот портал изјави дека објектот не е затворен од УЈП.

Оваа вест прва ја објави Фејсбук страницата „Аеродром во моето срце“ која често ги споделува вестите од општинската веб страница, а беше преземена и од повеќе интернет портали.

 КАФУЛЕТО РАБОТИ НОРМАЛНО: „Дежаву“ во Аеродром не е затворено од УЈП

Инаку, во претходните денови беа затворени објектите на кафулето „Тренд“ и слаткарницата „Палма“ поради прекршување на Законот за регистрирање на готовински промет, односно поради неиздавање на фискални сметки, изјавија од УЈП.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.