//
Следи нѐ
To Top

СЕЌАВАЊЕ: Светот одбележува дваесет години од смртта на принцезата Дијана (ФОТО)

Велика Британија денеска одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година.

Нејзини почитувачи и обожаватели утринава почнаа со полагање цвеќе, оставање фотографии и лични пораки пред капијата на Кенсингтонската палата.

реклама

– Членовите на британското кралско семејство вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора не планираат да учествуваат во каков било јавен комеморативен настан за одбележување на годишнината од смртта на принцезата, изјави претставник на Бакингемскта палата.

СЕЌАВАЊЕ: Светот одбележува дваесет години од смртта на принцезата Дијана (ФОТО)

Сепак принцовите Вилијам и Хари вчера ја посетија Белата градина, меморијален центар посветен на нивната мајка, принцезата Дијана. Ним во прошетката по Белата градина им се приклучила војвотката од Кембриџ, како и претставници на хуманитарните организации со кои таа соработуваше и ги поддржуваше.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.