//
Следи нѐ
To Top

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Странските туристи во Германија и оваа година можеа да гласаат за своите најомилени дестинации. Оваа година на листата на најдобрите за прв пат не се најде катедралата во Келн, но затоа има нови атракции. 

1. Долината на реката Мозел

реклама

Долината на реката Мозел за прв пат се најде на оваа листа. Во својот тек од Трир до Кобленц, Мозел ги дели планинските масиви: од една страна е Ајфел, а од друга Хунсрик. Карактеристични се и длабоките долини, лозјата на бреговите и многубројните замоци и тврдини.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

2. Зоолошката градина Хелабрун кај Минхен

Во зоолошката градина Хелабрун од 1928 година живеат над 750 видови животни. Тоа е прва Геозоолошка градина на светот: Животните се распоредени во заедници така како што живеат во природата по континенти.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

3. Фантазијаланд во Брил

Центарот за игри Фантазијаланд во близина на Келн оваа година слави 50 години од постоењето. Има богата понуда на атракции за деца на сите возрасти и за возрасни.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

4. Стариот град во Хајделберг

Хајделберг веќе со години е на оваа листа на омилени дестинации. Градот на брегот на реката Некар важи за типичен пример на германската романтика. Познатиот стар замок го посетуваат над еден милион  туристи од целиот свет.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

5. Боденско езеро

Парковите на островот Маинау, црквите на островот Рајхенау кои се прогласени за  Светското културно богатство како и волшебно градче во медитерански стил го прави Боденското езеро голема туристичка атракција.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

6. Дворецот Нојшванштајн

Прекрасниот дворец во Баварија настанал по замислата на кралот Лудвиг втори. Изградбата почнала во 1869 година и траела речиси 20 години. Кралот само неколку месеци живеел во тој витешки дворец од неговите соништа, умрел пред да се заврши дворецот.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

7. Европа – Парк Руст

Тринаесет ролеркостери, кино со 4-димензионална технологија (4Д) и над 100 други атракции го прават Европа – Парк Руст најголем забавен парк од тој вид во Германија. Годишно го посетуваат над 5 милиони луѓе.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

8. Вондерленд во Хамбург – минијатура на светот

Вондерленд во Хамбург е најголема атракција од тој вид на светот. Тоа е вистинско ремек дело на железничко моделарство каде до најмали детали се направени минијатури на цели земји, градови и пејзажи. Светот во ова забавно катче во однос на реалноста е намален во сооднос.

Туристички дестинации во Германија кои ќе ви го одземат здивот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: