//
Следи нѐ
To Top

Истекува рокот за потписи за независни кандидати за локалните избори

На полноќ завршува рокот за собирање потписи на независни кандидати за советници и за градоначалник за Локалните избори 2017 година. 

Потписи за советници и за градоначалници се собираат во повеќе општини. Официјално за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15 октомври ќе се знае откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според Роковникот за спроведување на Локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.

реклама

До 9 септември на полноќ, пак, трае и јавниот увид во Избирачкиот список. Граѓаните увид можат да направат во подрачните оделенија и канцеларии на ДИК и електронски преку апликацијата на веб-страната на Комисијата www.sec.mk.

Минатата недела членовите на ДИК оценија дека се зголемува бројот на граѓани кои вршат увид во своите податоци во Избирачкиот список.

Локалните избори се закажани за 15 октомври. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: