Поврзи се со нас

Популарно.мк

Британска авиокомпанија го намалува стресот на патниците со храна

Магазин

Британска авиокомпанија го намалува стресот на патниците со храна

Британската авиокомпанија „Монарх ерлајнс“ во менито за време на летот внесе посебен вид на храна која има за цел да го подобри расположението и да го намали стресот кај нервозните патници.

„Монарх ерлајнс“ се поврза со професорот Чарлс Спенс од Универзитетот Оксфорд за да направи посебно дизајнирано мени на кое се наоѓаат намирници кои можат да го поттикнат расположението кај патниците.

Така оваа авионска компанија сега на патниците им нуди колачи од ориз зачинети со лаванда кои се одлични за опуштање, зелен чај, мешавина од растителни чаеви, бисквити од морски алги, пецива од вкусно тесто и енергетски плочки со сос од печурки и домати.

Покрај солената храна, на патниците им е највкусен сладоледот за добро расположение, кој како што тврдат од авионската компанија, го одвраќа вниманието на патниците од стресниот лет.

Исто така посебни се и пецивата кои им се служат на патниците во текот на летот, а главна цел им е да го намалат чувството на притисок од сувиот воздух и звукот на млазниот мотор.

Покрај менито за подобро расположение, оваа авионска компанија во понудата има и  разни сендвичи, тестенини, тостови, житарки…

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.