Поврзи се со нас

Популарно.мк

Променливо облачно со температура до 26 степени

Вести

Променливо облачно со температура до 26 степени

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

Пообилни врнежи се очекуваат во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне повеќе врнежи ќе има на истокот. Врнежите ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 26 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.