//
Следи нѐ
To Top

Хуманитарна акција за донација на училишен прибор

Во Градскиот парк кај Школка денеска ќе се одржи хуманитарен музички хепенинг на кој ќе се донираат училишни прибори кои ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства.

Хуманитарниот настан е во организација на „Мрдни со прст“, Меѓународниот сојуз ‒ Скопје, Националниот младински сојуз на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

реклама

– Во рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа, се наведува во соопштението од организацијата „Мрдни со прст“.

Хуманите граѓани, донациите од училишен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училишен материјал, ќе можат да ги достават во комбето на „Мрдни со прст“ што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

Донациите ќе им бидат дистрибуирани на околу 120 деца од шест основни училишта во Скопје и околината, ученици во ОУ „Сами Фрешери“ во село Глумово, ОУ „Марко Цепенков“ во Зелениково, ОУ „Ѓорг Кастриоти Скендер Бег“ во Арачиново, ПОУ „Златан Сремец“ во Кисела Вода, ОУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, ОУ „Дитурија“ во Сарај и три подрачни основни училишта во селата Крушопек, Грчец и Љубин.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: