//
Следи нѐ
To Top

Фотографија на австралискиот премиер предизвикува контроверзии

Австралискиот премиер Малком Трнбол вчера објави фотографија на која во едната рака држи пиво, а во другата – внука му, и со тоа предизвика мешани чувства и реакции на Фејсбук.

– Срамота е да држиш дете и алкохол, напиша една гледачка под објавата на фотографијата од трибините на фудбалски натпревар, која Трнбол ја нарече „Мултитаскинг на мечот”.

реклама

– Да ги учиш децата да пијат пиво на натпревар од најрана возраст. Страотен родител, нема збор, гласи друг коментар.

Сепак, објавата досега има 16.000 лајкови и над 1.600 коментари, од кои многу се и позитивни.

– Јас гледам дедо, кој минува пријатни моменти со своето внуче. Ете тоа е австралиско, напиша друга следачка.

На крајот се јави и Трнбол.

– Мислам дека избрзуваме со заклучоците на социјалните мрежи, кога гледама вакви нешта. Ако еден човек се чувствува добро во својата кожа и се однесува примерно, нема потреба да прави нешто друго, рече тој за радиото Трипл М.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијасептември 12, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијасептември 12, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијасептември 12, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: