//
Следи нѐ
To Top

Дознајте што сѐ ќе се случува на третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Веќе ги најавивме новите датуми 23-24 септември и новата локација – Градски парк, терени Работнички, па време е да дознаете што се’ ќе се случува на третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Оваа година, покрај одличната промена на локацијата – на отворено, третото издание на овој исклучителен настан ќе понуди и одлична, најбогата програма до сега, со мнгоу, многу активности (дури над 70!). Она што е ново е што активностите ќе бидат распоредени на четири сцени на кои паралелно ќе се одвиваат активности – Health Center, Fitness Stage, Wellness Zone и Kids Corner, како и еден анимациски дел со натпреварот OBSTACLE COURSE.

реклама

Ако не сте сигурни кога да дојдете, може да издвоиме – задолжително бидете таму за вистинското СПИНИНГ ШОУ во сабота, на 23ти септември, во 12 часот, на Fitness Stage, кое ќе го спроведе единствениот лиценциран центар за Spinning ®, генералниот спонзор на настанот – Sport Inn! Не пропштајте да видите колку минути спининг се потребни за 50 ml цеден сок!

Уште нешто што особено ќе ја одбележи оваа сцена, е големиот тренинг, во чест на прерано починатата пилатес инструкторка и поранешна балерина – Ирина Митевска. Со својата кариера, Ирина ги постави темелите на пилатесот во Македонија и стана синоним за оваа дисциплина. Нејзиното пилатес студио PowerHouse Pilates ја продолжува нејзината мисија во градење на здрави навики и активен живот, па ве покануваме сите – вежбачи, но и инструктори во сабота, на 23ти септември, во 18:15 часот заедно да и оддадеме почит и да извежбаме еден енергичен пилатес час со тимот на PowerHouse Pilates.

Health, Fitness & Wellness Expo е настан за целото семејство, па така, Kids Corner-от ќе изобилува со многу интересни и разновидни активности, а најдобрите едукативни и спортски центри за деца, ќе одржат едукативни, креативни и спортски активности и натпревари за најмладите. Па секако донесете ги и своите најмили кои ќе се забавуваат во детското катче!

И оваа година, многу награди! Традиционално ќе се одвива натпреварот Scavenger Hunt, а новитет ќе биде натпреварот со пречки – Obstacle Course – кој ќе бара од натпреварувачите поголема физичка активност и ќе им постави разни предизвици. Двата натпревари ќе понудат над 60 вредни награди за учесниците, па не испуштајте да се забавувате и да си освоите нешто!

Сите овогодинешни изложувачи (над 40) од областа на здравјето, фитнесот и велнесот, кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања можете да ги погледнете тука.

Влезот за настанот ќе чини 50 денари, а за деца до 12 годишна возраст влезот е бесплатен.  Бесплатен ќе биде влезот и за сите оние кои ќе дојдат на настанот со велосипед!

За сите дополнителни информации и детали за активностите, изложувачите и учесниците на #HFWExpo3 следете ја Facebook фан страната и официјалниот настан!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијасептември 13, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијасептември 13, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијасептември 13, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: