Следи нѐ
To Top

Мистериозно суштество се појави по ураганот во Тексас

По ураганот „Харви“ на плажа во Тексас Сити се појави мистериозно морско животно, за кое биологот Кенет Тај верува дека е змиолика јагула со заби.

Рибата ја пронашла жена задолжена за проценка на штетите од ураганот, која потоа постави неколку фотографии на Твитер и побара објаснување. На објавата одговори д-р Тај, кој верува дека е можно и да е морска или пак, т.н. „градинарска јагула“ (Heterocongrinae), оти сите три видови се среќаваат во Тексас и имаат заби.

реклама

Вештакот Прити Десај потоа за Би-Би-Си изјави дека помислила оти се работи за некое суштество од морските длабочини кое невремето го исфрлило на брегот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.