Поврзи се со нас

Популарно.мк

Папата доби крава на подарок

Занимливости

Папата доби крава на подарок

Папата Франциско за време на аудиенција на плоштадот „Свети Петар“ во Рим вчера од едно семејство од Пјаченца доби несекојдневен подарок – кравата Лу.

Сточарот по име Анџело Грамиња изјави дека таа дошла на свет по неговиот аџилак во Лурд, па затоа и го добила тоа име. – Овој подарок е остварување на мојот сон, истакна Грамиња.

Заменик-портпаролката на Ватикан, Палома Гарсија Овејеро изјави дека кравата ќе и се придружи на другата стока на фармата близу летната резиденција на папата во замокот Гандолф, што се наоѓа 25 километрии југоисточно од Рим.

На вчерашната аудиенција кај папата присуствуваше и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој неодамна премина во католицизам.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.