Поврзи се со нас

Популарно.мк

Сондата „Касини” денеска ќе се распадне над Сатурн

Sci-fi

Сондата „Касини” денеска ќе се распадне над Сатурн

Вселенското летало „Касини”, што ја проучуваше структурата на Сатурн од 2004 година, денеска ќе се распадне во атмосферата на оваа планета, откако остана без гориво, соопштува НАСА.

Сондата ќе се стопи и распрсне при самиот допир со гасовите над површината на Сатурн, при што нема да настанат никакви промени или штетни последици, посебно за месечините Енцелад и Титан, за каде што има претпоставки дека има живот.

Врската ма „Касини“ со Земјата е предвидено да биде прекината околу 11:55 часот по Гринич (13:55 по средноевропско време). Канцеларијата на НАСА во австралискиот главен град Канбера ќе прима информации од Сондата до самиот крај.

„Касини“ го следеше Сатурн и неговите 62 месечини од јули 2004 година и обезбеди податоци и сознанија за најмалку 4.000 научни трудови.

Последните податоци од мисијата покажуваат дека прстените на Сатурн имаат помала маса од што се сметаше. Тоа може да значи и дека се подоцна настанати, оценуваат експертите.

Мисијата што првично се нарекуваше „Касини-Хјугенс”, е заедничка операција на НАСА, Европската вселенска агенција и Италијанската вселенска агенција.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.