Следи нѐ
To Top

И Македонија доби свое „карпул караоке“ (ВИДЕО)

Ако сте ги погледнале таканаречените „карпул караоке“ емисии на познатиот британски водител Џејмс Корден, тогаш знаете колку е забавно да возите и да ги пеете вашите омилени песни заедно со вашиот пријател во автомобилот.

Ваквиот тренд дојде и во Македонија, а прв го направи 20-годишниот Стефан Рашковиќ кој е еден од македонските влогери на популарната стриминг платформа Јутјуб.

реклама

– „Сите го знаеме шоуто на Џејмс Корден и неговото најпознато карпул караоке каде со познати личности пее во автомобил и има милионски прегледи позади него. Сакавме тоа да го донесеме и кај нас и да ја забавуваме македонската публика со нешто наше.“ – вели Стефан.

Младиот јутјубер, кој е познат и како „Стефонатор“, е студент на дизајн и мултимедија, а инспирацијата за своите видеа ја црпи од мотивацијата да се популаризира „јутјуберството“ во нашата земја.

– „Приказната позади продуцирањето на јутјуб видеа ми дојде од таму што сакав да им помогнам на македонските јутјубери да го прошират и развијат тоа во Македонија. До пред некое време не се знаеше дека постојат јутјубери кај нас, а сега веќе можем да се пофалиме со доста импресивни бројки и сме сведоци на тоа дека секој ден го развиваме „јутјуберството“ кај нас сѐ повеќе.“ – вели тој.

Во продолжение погледнете го неговото видео:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.