Следи нѐ
To Top

Панорамска изложба на инстаграм фотографии – #botovacha

Септември е месец на нови почетоци, но и на традиционална забава на која посетители по четврти пат ќе имаат можност да ја проследат изложбата со избор на објавени фотографии на Instagram снимени од Слободанка Тренчева – Боте, #botovacha.

Споделени моменти од најразлични дестинации ширум светот, колоритни пејсажи и портрети од интересни лица се уловени од мобилниот телефон на Боте. Непосреден стил, уникатност, автентичност се главна карактеристика на фотографиите, кои Боте секојдневно ги споделува.

реклама

„Фотографирањето кај Боте би можел да го разберам и како нејзино поклонување. Поклон кон погледот. Љубопитните очи и непосредноста се главните аргументи и извори на кои таа ја развива својата естетика. Повелете….уште една панорамска изложба на крајно луцидни инстаграм фотографии на Боте“, изјави Антони Мазневски, академски сликар.

За #instacool атмосферата овој пат задолжени се DJ Зоки Бејбе, Ана Мало и Балоски.

На 19 септември (вторник), со почеток во 21 часот, на кровот на катната гаража „Македонска фаланга“ се гледаме на #instaurban забавата за оваа година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интервју

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.