Следи нѐ
To Top

ОСВОЈ ГРАТИС ВЛЕЗНИЦИ: Бидете дел од третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo 2017

Ситно броиме до третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo, кој ќе се одржува овој викенд, 23-24ти септември, во Градскиот парк во Скопје, на терените Работнички.

Бидејќи интересот за настанот е огромен, сакаме нашите драги читатели да ги наградиме со гратис влезници за двата дена за овој прекрасен настан!

реклама

Најсреќните кои точно ќе одговорат, ќе се најдат на списокот на инфо пултот, на влезот на настанот, а своите влезници ќе можат да ги подигнат во сабота, 23ти септември, со почеток во 11 часот!

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ГРАТИС ВЛЕЗНИЦИ СО КЛИК ОВДЕ

Она што уште повеќе ќе ве мотивира да го посетите овој настан е тоа што влезот (кој инаку ќе чини 50 денари) за секој кој ќе дојде со велосипед е БЕСПЛАТЕН!

На тој начин, на HFW Expo, не само што се грижиме за нашето здравје и благосостојба, туку и силно ја поддржуваме иницијативата  за поголема општествена свест и поголема употреба на велосипедите како превозно средство!

Да потсетиме и дека влезот на HFW Expo за деца до 12 години исто така е бесплатен.

Посебен дел од просторот на самиот настан, ќе биде издвоен за паркинг за велосипеди, така што сите оние кои ќе дојдат на настанот со велосипед, ќе можат комотно да се чувствуваат и да уживаат во атмосферата и програмата.

За крај, да ве потсетиме и на двата натпревари – Scavenger Hunt и Obstacle Course, кои ќе бидат во тек и двата дена, а на најсреќните ќе им донесат многу, многу вредни награди! Победниците од двата натпревари ќе бидат прогласени во недела, 24ти септември, во 17:30 часот, веднаш пред големата Зумба забава со Кате!

Целосната програма на настанот можете да ја превземете тука.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.