Следи нѐ
To Top

Швајцарците продаваат воздух од Алпите

Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија, кој потоа го продава на граѓаните во многу загадените градови, како оние во Кина и Индија.

Според податоците на компанијата, воздухот се собира од различни локации ширум швајцарските Алпи и се компресира во аеросолна киселина. Производот доаѓа со прицврстена маска за помош при дишење.

реклама

Конзервите воздух чинат 19,95 швајцарски франци (21 долар) и содржат доволно воздух за повеќе од 120 вдишувања, што е доволно за околу 10 минути користење.

– Овој производ е за населението кое секојдневно живее со страшно загадување. загадување кое може да го скрати животот и да предизвика големи здравствени проблеми. Една конзерва швајарски воздух не е одговор на нивните проблеми, но е толку убаво што можете да дишете чист воздух, свеж воздух, па макар и на кратко, изјави извршниот директор на компанијата Дени Вур.

Тој посочи дека очекува неговата компанија да стане „главен играч на новиот пазар на воздух“.

Вур вели дека првата испорака е веќе направена и воедно упати повик до инвеститорите за да се олесни растот на компанијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.