Следи нѐ
To Top

Екипата на „Сенки над Балканот“ сподели впечатоци од синоќешната проекција на „Браќа Манаки“

Режисерот Драган Бјелогрлиќ, копродуцентот Тони Салковски, актерите Марија Бергам, Јана Стојановска, Перо Арсовски и Пепи Мирчевски, како и други учесници во филмот „Сенки над Балканот“, денеска на прес-конференција споделија впечатоци од синоќешната проекција на една епизода од филмот.

„Сенки над Балканот“ е серија изработена како копродукција помеѓу Србија, Македонија, Русија и Босна и Херцеговина.

реклама

Режисерот Драган Бјелогрлиќ во фестивалскиот прес-центар во Битола нагласи дека за потребите на филмот консултирал повеќе историчари.

– Работев со историчари од кои едниот ми беше косултант за руската тема, другиот за балканските патишта на опиумот и третиот за ВМРО, за што се консултирав со професорот Жежов од Македонија. Истражувајќи го тој период, дојдов до неколку интересни приказни, за руската царска војска која во СХС фунцкионирала како своевидна паравоена формација, истакна Бјелогрлиќ.

Актерот Петар Арсовски посочи дека на почеток се двоумел дали да ја прифати понудата за соработка, по средбата со режисерот веднаш нашле заеднички јазик, а неговиот начин на рабоа му оствил добар впечаток.

– Тоа што Драган Бјелогрлиќ учествуваше во речиси целиот процес и како режисер, и во кастингот, и продукцијата, е доказ дека не е лошо еден човек да ги има сите палки во своите раце и да успее да развие една таква хармонична екипа, каде што секој од нас се чувствува и како дел од екипата, но воедно внесува и свој авторски, индивидуален, прилог во филмот, истакна Арсовски на прес-конференцијата во Битола.

Попладнево ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува со проекција на филмови во конкуренција, како и со придружните фестивалски програми.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.