Следи нѐ
To Top

Истражете ја Македонија со новата кампања на Групер

Водечкиот сајт за групни попусти и лидер во е-трговија Групер денес ја лансираше најновата кампања со попусти на локални патувања, „Дестинација Македонија“.

Кампањата, која нуди избор од над 100 зделки за локални патувања по неверојатно ниски цени, на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности кои сè уште не ги знаат.

реклама

Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број на локации и доживувања – од прекрасната природа на Берово и Маврово, релаксирачки спа-центри во Струмица, вкусна храна и добро вино во Демир Капија, па сè до јавање коњи во Галичник.

Токму затоа минатиот викенд, Групер беше во Градски парк Скопје, каде организираше мал видео-квиз со кој ги „распраша“ случајните минувачи – колку навистина ја познаваат Македонија. Победничката на квизот доби подарок – патување , додека пак девојката која освои второ место доби шанса за прв пат да лета со параглајдер.

Погледни го квизот и „провери се“ – колку ти добро ја познаваш Македонија?

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.