//
Следи нѐ
To Top

Следува сезона на грип – заштитете го својот организам и зајакнете го имунолошки систем

Пред нас се студени денови и особено внимание мораме да посветиме на својот имунолошки систем, кој поради ниските температури и тоа како е загрозен. Болеста која се јавува секоја година во текот на овој период и на која речиси никој не е имун е грипот.

Оваа нималку безопасна болест ги зафаќа сите земји во Европа и опасноста од заболувањето трае околу четири месеци. Спорадични инфекции се јавуваат и надвор од сезонскиот период. т.е. во топлите месеци, но зачестеноста на заболувањето многу е ниска.

реклама

На ширењето на вирусот на грипот позитивно влијае престојот на луѓето во затворени простори и слабата вентилација, што е случај токму во во текот на зимата.

Дека грипот не е безопасна болест зборува податокот дека од него секоја година заболуваат просечно пет милиони лица, а од последиците смртно страдаат се поголем број луѓе.

Вирусот на грип се пренесува преку капките исфрлени во текот на кивањето или кашлањето. Симптомите како што се болки во грлото, суво кашлање, затнат нос, грозница со температура и до 40 степени целзиусови, болки во мускулите и зглобовите, главоболка, губење на апетитот и општа слабост на телото, се јавуваат ден или два откако лицето ќе се зарази. Често доаѓа и до отежнато дишење.

Доколку нема поголеми компликации, температурата трае три до пет дена, а болеста завршува после седум до десет дена.

Медицинските експерти редовно даваат совети на кој начин да се заштити и зајакне имунолошкиот систем за да не дојде до заболување.

Секој пат после ракување со некого, измијте ги рацете, посветете внимание на одмор на телото и спијте осум часа, хранете се здраво, вежбајте или движете се се повеќе и немојте да престојувате во близина на луѓе кои имаат симптоми на грип.

Исто така, се препорачува да пиете што повеќе течности, особено чај, потоа да јадете лук. Овошјата како лимонот, портокалот и мандарината кои се богати со Ц витамини му помагаат на нашиот ораганизам во борбата против оваа болест.

Но, ако веќе сте се заразиле со вирусот грип, овие упатства можат да ви користат. Секако одете на преглед, за лекарот ви препише адекватна терапија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 2, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 2, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 2, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: