Најновата трка од организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ќе дебитира во недела, 08.10.2017, во 09.00 часот низ улиците на Скопје.
Развојот на спортскиот начин на живеење во Скопје ги мотивираше организаторите да подготват нова улична трка која, поради нивото на интерес, очекуваат да прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе ги одбележи есенските месеци.
Покрај трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ се организира и штафетната трка од 2 х 5 километри која веќе буди интерес кај компаниите како дел од нивните тимбилдинг активности. Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на http://skopje.run.
Стартните пакети можат да се подигнат во сабота, 07.10.2017, во Спортскиот центар “Борис Трајковски“ од 10 до 18 часот.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија.
Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).