Следи нѐ
To Top

Прескокнувањето на појадокот опасно за нашето здравје

Изоставувањето на појадокот може да биде штетно за нашето здравје, оти двојно го зголемува ризикот од артеросклероза, односно проширување на артериите.

Резултатите од студија направена во Шпанија, со која била следена здравствената состојба на 4.000 луѓе во период од 10 години, укажуваат дека 25 проценти од нив појадувале правилно и го обезбедиле потребниот дневен внос на калории.

реклама

Но, мнозинството од испитаниците, околу 70 отсто, конзумирале едвај пет отсто од потребниот внос на калории, а три проценти често го прескокнувале појадокот. Кај последните, ризикот од срцеви заболувања е најголем.

Кај оние што не појадуваат, се забележани прекумерна телесна маса, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.