//
Следи нѐ
To Top

„Хуавеи“ заинтересиран за развој на информатички технологии во Македонија

Претставници на кинеската информатичка и телекомункациска компанија „Хуавеи“ денеска на средба со премиерот Зоран Заев изразиле отворен интерес за интензивна соработка во областа на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Македонија, соопшти владината служба за информирање. 

Заев ги поздравил, како што стои во соопштението, намерите и еланот на „Хуавеи“ за понатамошно вложување во развојни капацитети во Македонија и ги охрабрил таквата нивна намера да почнат да ја реализираат преку интензивирање на комуникацијата со Владата и со локалните самоуправи во земјава.

реклама

Од „Хуавеи“ го запознале премиерот со нивните потенцијали на глобално и на локално ниво, и ја потенцирале подготвеноста да ги имплементираат своите планови и во насока на локалниот развој во Македонија, преку инвестициските и иновативни стратегии на компанијата.

– Имаме голем интерес и желба да го модернизираме нашето општество, за што постои голема мотивација во целата Влада. Ова може да биде одлична прилика да го почнеме тој процес на едно повисоко рамниште, истакнал премиерот Заев на средбата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: