Поврзи се со нас

Популарно.мк

ВЕЧЕР НА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ: Ал Ди Меола ќе ги свири Битлси во МОБ

МК Сцена

ВЕЧЕР НА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ: Ал Ди Меола ќе ги свири Битлси во МОБ

Еден од најголемите светски и најнаградувани гитаристи на сите времиња, после пауза од речиси 10 години повторно се враќа во Скопје, со два ексклузивни концерта во една вечер (од 20 и од 22 часот), на 25-ти ноември во Македонската Опера и Балет.

Ал Ди Меола ќе настапи со многу специфична програма, со музика на Битлси, Пјацола, како и негови авторски песни.

Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт.

За тоа време, додека тој е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, музичарот одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.
Освен со Кларк и Кореа, Ал Ди Меола е познат и по соработката со колегите Пако Де Лусија и Џон Меклафлин, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“.

Долгата листа на соработници на Ал Ди Меола вклучува имиња како Пол Сајмон, Фил Колинс, Лучано Павароти, Карлос Сантана, Џими Пејџ, Френк Запа и многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 9-ти октомври (понеделник), по цени од 1.500 и од 2.000 денари.

Бидејќи се работи за навистина ексклузивни концерти со мал капацитет, ви препорачуваме да си ги набавите вашите билети навреме.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.