Поврзи се со нас

Популарно.мк

Скопје и Атина од 2018 ќе се поврзат со авионска линија преку „Еџиан ерлајнс“

Вести

Скопје и Атина од 2018 ќе се поврзат со авионска линија преку „Еџиан ерлајнс“

Скопје е една од дестинациите кои во 2018 година се на листата нови градови со кои Атина авионски ќе се поврзе преку водечкиот грчки авио-превозник „Еџиан ерлајнс“ (Agean airlines). 

Заменик-директорот на компанијата Ефтихиос Василакис на денешната прес-конференција изјави дека планирано е следната година да бидат воведени 11 нови дестинации.

Освен Скопје, од атинскиот аеродром летови се превидени и за Торино, Палермо, Болоња, Ламезиа Терме, Малага, Базел, Загреб, Задар, Вилнус и Клуж-Напока.

Стопанствениците од двете земји летово побараа воведување директна авиолинија Скопје-Атина за интензивирање на деловните односи меѓу Македонија и Грција.

Грција е една од петте најзначајни трговски партнери на Македонија со најголеми инвестиции во банкарството, нафтената индустрија, трговијата и текстилот. Лани двете земји оствариле трговска размена од 598 милиони евра, од кои 148 милиони извоз и 450 милиони увоз.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.