Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцот Хари го прекрши кралскиот протокол (ФОТО)

Сцена

Принцот Хари го прекрши кралскиот протокол (ФОТО)

Експертите за говор на телото наведуваат дека британскиот принц Хари неодамна го прекршил неофицијалниот кралски протокол и во јавноста ги покажал своите чувства кон својата девојка Меган Маркл.

Зачетник на тој тренд е кралицата Елизабета Втора, која никогаш во јавност или во присуство на медиумите не го држи за рака својот сопруг. Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон исто така го почитуваат правилото.

Принцот Хари (33) и Маркл (36) кон крајот на септември првпат заедно се појавија на „Инвиктус“ игрите во Торонто. Додека седеа заедно на трибините тие постојано се смешкаа и си шепотеа.

Експертите се прашуваат дали со тоа принцот Хари се оддалечува од монархијата и се обидува да води живот на обичен човек.

Хари во јуни годинава во интервју за „Њузвик“ изјави дека никој во британското кралско семејство нема желба да го наследи престолот.

– Британската монархија во моментот поминува низ процес на модернизација. Никој од нас тоа не го прави поради себе, туку поради општо добро на британскиот народ. Дали некој од кралските семејства во светот сака да стане крал или кралица? Не би рекол. Но, секако ќе продолжиме да ги извршуваме своите должности, истакна Хари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.