Следи нѐ
To Top

СЗО: Аларматни бројки на деца со прекумерна тежина во светот

Речиси 124 милиони деца во светот се со екстремно повисока тежина за возраста, алармира Светската здравствена организација.

Во извештај се нагласува дека бројот на дебели деца е зголемен десетпати од 1975 година до 2016 година. Освен 124 милиони деца кои се дебели, речиси други 123 милиони се со прекумерна тежина, нагласуваат авторите.

реклама

– Лошата вест е што распространувањето на прекумерната тежина меѓу возрасните (од 20 години нагоре) како и децата и младите (5-19 години) расте во други региони во светот, се нагласува во извештајот.

Бројот на девојчињата кои се дебели е зголемен од пет милиони во 1975 година до 50 милиони во 2016 година. Момчињата со тежина над адекватната за годините исто така е зголемен – од 6 милиони на 74 милиони.

Во 2016 година најголемо е нивото на регистрирана прекумерна тежина кај деца во Полинезија и Микронезија (25,4 отсто од девојчињата и 22,4 отсто од момчињата). Следуваат држави со високи приходи по глава на човек вклучително САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Ирска и Велика Британија.

Експертите наведуваат дека во 2022 година бројот на деца и млади со прекумерна тежина ќе биде поголем од бројот на деца кои страдаат од неухранетост.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • На Месечината има погребан човек

    На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче…...

    Информативна Редакцијаоктомври 11, 2017
  • Трите одлики на секој успешен човек

    Кога ги гледате успешните луѓе околу вас, забележувате дека имаат многу заедничко. Сите успешни жени, на пример, блескаат од самодоверба. реклама

    Информативна Редакцијаоктомври 11, 2017
  • Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

    Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештвото да избега од безнадежната иднина, мизерија, глад и насилство. Фудбалот создава огромни можности...

    Информативна Редакцијаоктомври 11, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.