Следи нѐ
To Top

Дрезден – непроценливото богатство на Европа

Зелениот трезор во Дрезденскиот замок содржи една од најголемите колекции со богатство во Европа, а неговите спектакуларни барокни одаи се преполни со скапоцени камења и уметнички дела.

Иако овие ремек дела не се ништо помалку вредни од оние во Фиренца или Венеција, тие се уште ја немаат стекнато светската популарност. Меѓутоа, со реставрацијата на замокот, што беше направена минатата година, Зелениот трезор стана европски „ковчег со богатство“.

реклама

На почетокот на 18 век, Август Втори Силниот, владетелот на Саксонија, од Дрезден направил центар на уметноста и културата, повикувајќи талентирани вајари, јувелири  и сликари, да живеат во овој град.

Тој изградил серија величествени соби во кои изложувал предмети од голема вредност и на тој начин ја рекламирал културата на градот, како и неговото богатство.

Резултат на тоа бил Зелениот трезор, првиот јавен музеј во Европа. Неговата огромна колекција украси – од сјајните топки од кристали и златни фигурини, до Дрезденскиот зелен, најголем и најфин зелен дијамант во светот.

Во текот на бомбардирањата на Дрезеден во 1945 година трезорот бил уништен. Иако ботаството било префрлено во тврдината, подоцна било конфискувано од Црвената армија и однесено во Русија.

Скапоценостите во Дрезден се вратени во 1958 година, но најголем дел не биле изложени се до завршувањето на проектот на реконструкција, во 2004 година, за која биле потрошени 45 милиони евра.

Денеска овој музеј е поделен на два дела: елегантниот Нов зелен трезор, во кој поединечните експонати се изложени во модерни минималистички кутии со осветлување дизајнирано така што ќе го истакне секој од нив. Вториот дел, Историскиот зелен трезор, претставува реконструкција на салите на Август, а секоја од собите е инспирирана со други материјали и бои. Тие и самите се барокни дела.

Меѓу експонатиите се пехарите направени од обработени корки на јајца од ној, мали кули од слонова коска и сјајната витрина од изрезбан каучук.

Новиот зелен трезор ја прославува 10-годишнината од отворањето и соддржи повеќе од 1.000 најдобри експонати на Август. Меѓу најдобрите се филџаните со гравирани кинески мотиви и накитот инспириран од кралскиот суд во Њу Делхи.

Како и градот Дрезден, и Зелениот трезор стратешки е обновен во стилот што ги комбинира модерните и барокните елементи.

За Хартвиг Фишер, директорот на Уметничката колекција на Дрезден, изградбата на трезорот довела до тоа луѓето во Саксонија „фундаментално да го преиспитуваат своето архитектонско наследство“.

Новиот Зелен трезор е тријумф на сведените линии и современата презентација. Од друга страна, историскиот дел ги преплетува уметноста и архитектурата онака како што ги гледал токму Август.

На тој начин, трезорот ги рефлектира двете страни на Дрезден: неговото минато како „Фиренца на Елба“ и моменталниот статус на центар на современиот дизајн.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.