fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДИК: Гласањето на болните, изнемоштените и затворениците без проблеми

Вести

ДИК: Гласањето на болните, изнемоштените и затворениците без проблеми

Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучевска.

Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот.

На ден пред изборите се гласа во 13 казнено-поравни установи каде право на глас имаат 1.882 избирачи. Своето гласачко право денеска ќе го искористат 5.025 болни и изнемоштени лица, како и лица во куќен притвор. Денеска гласаат и девет внатрешно раселени лица.

ДИК ќе излезе со бројка за текот на денешното гласање по 19 часот.

Локалните избори утре ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи кои можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за советници.

Гугучевска истакна дека има интерес за набљудување на изборите и оти ДИК има издадено акредитации на 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, 294 преведувачи и шест странски новинари.

Гласањето на утрешните избори, согласно изборниот законик и упатството за гласање, ќе се врши со заокружување на ливчето со пенкало со сина боја.

Државната изборна комисија првата прес-конференција утре на денот на изборите ќе ја одржи во 11 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.