//
Следи нѐ
To Top

Во Тузла направен најголемиот бурек во светот

На Плоштадот на слободата во  Тузла вчера беше измесен најголемиот бурек на светот, со кој жители на овој босански град ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

Бурекот беше приготвен во тепсија со пречник од шест метри и тежеше околу 650 килограми, што е доволно за дури 5.000 порции.

реклама

Подготвувањето на бурекот траеше шест часа и за него локални пекари исукаа кори во должина од 1,5 километри.

– Ќе го поделиме бурекот со народот и дел ќе им испратиме на службите кои за нас се грижат 24 часа, а тоа се пожарникарите, Брзата помош, полиција и Универзитетскиот клинички центар, изјави организаторот на оваа иницијастива Омер Исовиќ.

Тој изјави дека во рок од три месеци треба да добијат потврда дали е соборен Гинисовиот рекорд.

Според Исовиќ, досега најголемиот бурек на светот, со пречник од  5,5 метри, бил направен во Љубљана, но тој не влегол во Гинисовата книга на рекорди.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 15, 2017
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 15, 2017
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 15, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: