Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МВР и денеска издава лични карти

Вести

МВР и денеска издава лични карти

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти кои биле примени вчера ќе бидат итно изработени до денес.

Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

Денес, на денот на изборите, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.