Следи нѐ
To Top

Офелија на патот кон Европа прерасна во ураган од трета категорија

Циклонот Офелија, кој преку Атлантскиот Океан се движи кон Европа и утре се очекува да ги погоди бреговите на Ирска и Велика Британија, синоќа прерасна од втора во ураган од трета категорија.

Ударот на Офелија на Британските Острови се очекува да се случи на 30-годишнината од големото невреме што ја погоди Велика Британија во 1987 година, при што загинаа речиси 20 лица и беа откорнати околу 16 милиони дрва.

реклама

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека во жариштето на Офелија дуваат ветрови со брзина од 185 километри на час, додавајќи дека сепак се очекува ураганот да ослби пред доаѓањето до копното.

Метеоролошките служби на Ирска и на Велика Британија информираа дека се очекува ветровите на Офелија, кога ќе достигне до овие земји, да дуваат со брзина од околу 130 километри на час.

Во Ирска е прогласен „црвен аларм“ во западните реони на земјата, со предупредување дека ветровите може да предизвикаат штети на инфраструктурата и да донесат големи бранови и поплави.

Во Велика Британија за утре се најавени силни ветрови во Северна Ирска, Шкотска и северна Англија.

Доколку се остварат ваквите прогнози, ова ќе биде најсилниот ураган што ќе ја погоди Европа по 1961 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.