Следи нѐ
To Top

Тепачка на изборно место во Бутел, прекинато гласањето во Аеродром

На гласачко изборно место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје се степале двајца гласачи. Тепачката се случила во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување, кое не ги привело, туку само направило записник.

Двајцата гласачи се поткачиле на разминување и почнале да се буткаат, по што си размениле и тупаници.

реклама

Гласачите се отстранети од местото и гласањето продолжило непречено.

Во Аеродром пак, на избирачкото место 2686 со интервенција на полицијата е прекинато гласањето.

На гласач му се дадени четири избирачки ливчиња, а кога тргнал да ги внесува во избирачките кутии имал само три. Му недостасува ливчето за советничка листа на Аеродром.

По реакција на Избирачката комисија, полицијата го прекинала гласањето, гласачот е задржан во избирачкото место. Полицијата чека налог за претрес.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ известува дека поради прекинот на гласањето пред избирачкото место се содала гужва, а доста гласачи се откажале од чекање.

Прекинот трае веќе половина час.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.