Следи нѐ
To Top

ДИК ќе ги објави првичните резултати од локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска околу пладне се очекува да ги соопшти првичните резултати од вчерашното гласање за локалните избори. 

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски синоќа на прес-конференција најави дека денеска околу 11 или 12 часот ќе излезат со првични резултати. Инаку, ДИК треба во рок од 12 часа од затворањето на избирачките места да ги објави првичните резултати.

реклама

Досега ДИК има обработено 96,64 проценти од гласовите и според податоците објавени на нивната веб страницата, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.