Следи нѐ
To Top

ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ: СДСМ ја прослави победата, ВМРО-ДПМНЕ доживеа тежок дебакл

Според првичните резултати на ДИК, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9, а на ДУИ во 12.

– „Ви ја честитам слободата. Нашиот народ знае што е исправно – заедно да бидеме сплотени во едно општество за сите. Само така ќе одиме напред“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од платото пред Владата, каде СДСМ и коалицијата ја прославија големата изборна победа во првиот круг од локалните избори.

реклама

Од СДСМ вчеравечер соопштија дека во триесет и седум општини победиле уште во првиот круг. Меѓу нив се и скопските општини Карпош, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Шуто Оризари… Се чекаат пребројувањето да покаже дали ќе победат и во Бутел, Гази Баба и Кисела Вода. Заев  ги набројуваше и другите општини каде СДСМ победила во првиот круг – Аралчиново, Берово, Битола, Богданци, Босилево, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Градско, Дебарца, Делчево, Дојран, Зелениково, Карбинци, Кочани, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Конче, Куманово, Кратово, Лозово, Ново Село, Охрид, Радовиш, Ранковце, Ресен, Пехчево, Свети Николе, Старо Нагоричане…

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, но и во прес центарот вчеравечер вледееше молк. Партијата води само во 9 општини, што е далеку под резултатите од минатите избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во 56 општини.

Во првиот круг партијата победи во општините Сопиште, Илинден и Петровец.

Лидерот на партијата, Никола Груевски, пред полноќ се обрати на граѓаните на прес-конференција, каде беше видно разочаран и обвини дека изборниот ден поминал во недемократска атмосфера, а изборната кампањата во нефер услови.

– „Ќе следи анализа за да се утврди – што друго освен нерегуларностите, беше недоволно добро или погрешно направено од наша страна. Јас имам највисока одговорност за сето тоа, и идниот правец ќе се дискутира веднаш по изборите“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но не одговори на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка.

Според набљудувачите и МВР изборниот ден помина мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир и текот на гласање.

Министерот Спасовски изјави дека биле примени 46 пријави по разни основи (поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање на гласачко ливче, гласање за друг). Според МВР, најголемиот дел од пријавите се расчистени, односно се завршени со соодветни поднесоци.

Во текот на денот Одделот за внатрешна контрола на МВР постапувал во случаи во кои било пријавено дека полициски службеници се однесувале незаконито или непрофесионално. Констатирано било дека три пријави се неосновани, а една основана и против полицискиот службеник ќе бидат преземени соодветни мерки.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.