Следи нѐ
To Top

Единствената пустина во светот што излегува на мора (ФОТО)

Намиб (пространо место) е голема пустина во југозападниот дел на Африка, која зафаќа површина од околу 50.000 квадратни километри, простирајќи се на околу 1.600 километри долж Атлантскиот Океан на крајбрежјата на Ангола, Намибија и Јужна Африка.

Освен што излегува на море, оваа пустина се смета дека е најстарата во светот.

реклама

Нејзината неплодност е предизвикана од остриот, сув воздух, кој го разладува студената струја Бенгела, која тече долж брегот. Пустината има помалку од 10 мм дожд на годишно ниво и речиси е целосно неплодна.

Иако пустината е речиси ненаселена и непристапна, постојат повремени населби во Сесрием, во близина на познатитот Сосусвла и големи групи песочни дини, кои со висина до 340 метри, се најголемите песочни дини во светот.

„Морската пустина“ Намиб е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни (безрбетници, влечуги и цицачи), кои буквално живеат од магла, бидејќи тоа  е единствен извор на вода.

Пустината Намиб е ставена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство  во Африка во 2013 година како „единствена приморска пустина во светот, каде на пространите песочни полиња од дини дејствува магла“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.