Следи нѐ
To Top

Лувр отвора свој музеј во Абу Даби (ВИДЕО)

Музејот Лувр наредниот месец официјално ќе ја отвори својата галерија во Абу Даби, речиси 11 години откако Франција и Обединетите Арапски Емирати го потпишаа договорот за изградба.

Како што јавуваат локалните медиуми, музејот во престолнината на Емиратите ќе има 700 експонати, воглавно позајмени од парискиот Лувр. Се работи за прв „одгранок“ на Лувр вон Франција.

реклама

Абу Даби на Франција и исплати 445,2 милиони евра за правото на користење на називот Лувр, и дополнителни 636 милиони евра за француски стручњаци и менаџери задолжени за уметничките дела.

Зданието го краси 180 метри висок свод кој има 8.000 метални делови. Тоа е дело на францускиот архитект Жан Нувел кој истакнува дека таквите сводови се главен симбол на арапската архитектура.

Празнините во куполата овозможуваат светлината  да биде присутна преку цел ден.

Новиот музеј е сместен на островот Садијат и изгледа како да плови во Персискиот Залив.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.