Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВ ФЕСТИВАЛ: „Егзит“ во март 2018 година почнува со фестивал на Јахорина

МК Сцена

НОВ ФЕСТИВАЛ: „Егзит“ во март 2018 година почнува со фестивал на Јахорина

Откако во 2014 година го почна „Sea Dance“ на плажата Јаз, една година потоа и „Revolution“ во Темишвар, а од оваа година и „Sea star“ во Умаг, тимот на „Егзит“ почнува нов фестивал, кој ќе се одржи од 15 до 18 март следната година на Јахорина.

Организаторите денеска соопштија дека фестивалската програма ќе биде конципирана како дневна и ноќна, по формулата 2+2, која се користи и за исклучително успешниот „Sea star“ фестивал во Истра.

Првиот ден на фестивалот ќе има ноќна забава за загревање, а следните два  ќе биде отворен со цел капацитет и дење и ноќе, додека четвртиот ден е резервиран за дневна завршна забава.

Тимот на „Егзит“ во соработка со олимпискиот центар „Јахорина“ планира новиот фестивал во релативно кус рок да го позиционира меѓу најзначајните зимски музички фестивали на континентот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.