Следи нѐ
To Top

Кампања за борба против трговијата со луѓе на „Отворена порта“

Секоја година илјадници мажи, жени и деца се жртви на трговците со луѓе.

Денес е 18 октомври, Европски ден за борба против трговијата со луѓе.

реклама

Вклучете се во борбата против трговијата со луѓе и дадете поддршка преку објавување на вашата профилна фотографија во ФБ рамката #ШтоГледаш! Биди ТИ нивниот ГЛАС!. Истата може да се најде на: https://www.facebook.com/OpenGateMacedonia/

Познати македонски лица како Столе Стоилов, Елена Ристеска, Катарина Ивановска, Викторија Лоба, Дани Димитровска, Весна Петрушевска, Ана Бунтеска, Тони Михајловски и Едина Муса веќе се вклучија во кампањата на социјалните мрежи и ја дадоа својата поддршка во борбата против трговијата со луѓе.

Запознајте се повеќе со трговијата со луѓе и на начинот на кој може да им помогнете на жртвите на официјалната веб страна и официјалниот Фејсбук профил на Отворена Порта (Ла Страда):
https://www.facebook.com/OpenGateMacedonia/
http://www.lastrada.org.mk/index.php

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.