Следи нѐ
To Top

Затворена границата со Грција поради штрајк на грчките царински служби

Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.

Како што соопштија од МВР, на Граничниот премин Богородица прекинот ќе биде 24-часовен, и почнува денеска во 6 часот, исто како и на Граничниот премин Меџитлија, каде прекинот е најавен од 6:30 часот.

реклама

На Граничниот премин Стар Дојран прекинот во сообраќајот на границата ќе биде само денеска од 5 до 23 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.