Поврзи се со нас

Популарно.мк

Тројца повредени и еден приведен во тепачка во автобус во Скопје

Вести

Тројца повредени и еден приведен во тепачка во автобус во Скопје

Три лица се повредени, а едно е приведено  откако група лица синоќа нападнале патници во автобус бр. 50 на ЈСП на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје кај 26-ти Јули, предизвикале сообраќајка на автобусот и продлжиле со тепачка на постојката.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 21 часот е пријавено оти на бул.„Крсте Мисирков“ на постојката кај 26-ти Јули во автобус на ЈСП бр. 50 од страна на повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот.

Тепачката настанала на горниот кат од автобусот и продолжила и на долниот кат. Еден од учесниците во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20.

Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на постојката, но по пристигнувањето на полициските службеници се разбегале во различни правци. Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар.

Засега е приведено едно лице Р. Б. и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството, соопшти МВР.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.