Следи нѐ
To Top

Во што уживаат супер-богатите гости во хотелите

Кога гостите се подготвени да платат 43.000 долари за одмор од една недела, хотелите би требало да ги наградат со некои неверојатни бенефиции, пишува „Дејли Мејл“.

За една ноќ во апартман, кој чини 5.947 долари во хотелот Риц-Карлтон во Њу Орлеанс на пример, на располагање имате посебен батлер, задолжен за вашиот мамурлак, поточно за негово ублажување со помош на вода, грицкалки и масажа.

реклама

Од бесплатните супер-автомобили до пристигнувањето од „од небо“, постојат голем број хотели кои се подготвени на своите гости да им обезбедат неверојатни предности за одредена сума пари.

Сите кои ќе се одлучат за Six Senses Hideaway во Оман, можат до параглајдер да дојдат до својата конечна дестинации, при што ќе бидат придружувани од професионалец.

Гости на хотелот Илјада во Сиетл  на располагање имаат сензор во собата, кој на персоналот му укажува да не ги вознемирува, а доколку не можете да се одвоите од своето милениче, хотелот Монако во Портленд ви нуди психијатар за миленичиња, кој ќе ви каже што му е на вашето милениче и како можете да го унапредите вашиот однос.

Гостите на одмаралиштето The Club&Hotel spa во Џорџија на располагање имаат сопствен батлер за сонце, кој им ја нанесува заштитната крема и им ги чисти очилата за сонце.

Доколку ја сакате рок музиката со посетата на Хард Рок хотелот во Чикаго, можете за себе да обезбедите бесплатни Фендер гитари, појачало и слушалки за вашата приватна сесија.

Одморалиштето Four Seasons на Малдиви по пат на телефон ќе ве информира за доаѓањето на морските ражи, за да можете на време да стигнете до вашиот личен глисер и да тргнете во нивно разгледување.

За сите оние со малку повеќе храброст, но и романтика, Namale Rasort & Spa на Фиџи ви нуди неочекувано киднапирање до таен водопад, каде ќе ви биде организиран романтичен пикник.

Вљубениците за брзо сместување во хотелот Four Seasons на Беверли Хилс, на користење добиваат супер-автомобили, а гостите на хотелот The Benjamin во Њујор можат од возбудувањата да се одморат спуштајќи ја главата на перниците, кои ги дизајнираше НАСА.

Доколку сакате да спиете до доцна, а наутро имате обврски, тогаш Gaylord Opryland Resort&Convention Center во Нешвил ќе ви излезе во пресрет, така што ќе ве разбуди однапред со порака, која ја снимиле некои од најпознатите локални пејачи на кантри музика.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.