Следи нѐ
To Top

ГИ ШОКИРАШЕ ФАНОВИТЕ: Џастин Бибер направи огромна тетоважа на своето тело (ФОТО)

Популарниот кадански пејач Џастин Бибер ги шокираше фановите со објавените селфи фотографии и видеа на Инстаграм на кои ја покажа новата огромна тетоважа на неговото тело и преку целиот стомак.

Тој е познат по своите тетоважи и ги има повеќе од 60 на неговото тело, но неговите обожаватели сметаат дека сега сепак претера.

реклама

Бибер целиот стомак го прекри со скелети, черепи и чудни врати и ходници, кои според извори блиски до ѕвездата ги истетовирал во март, оваа година. На едната страна од градите има истетовирано огромна мечка, а на другата лав, додека под нив се наоѓаат и дел од веќе старите тетоважи.

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Фановите беа шокирани од новата тетоважа на младиот пејач и коментираа на Инстаграм и Твитер:

– „Довидување стомачни мускули! Повеќе нема да ве видиме!“ – пишува на Инстаграм.

Други, пак, го поздравија храбриот потег на пејачот, велејќи дека тоа е негово тело и може да прави што сака. Инаку, сега Бибер има повеќе од 60 тетоважи.

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

За потсетување, Џастин минуваше низ тежок период изминатата година, а голем број светски медиуми го прозиваа поради проблеми со конзумирање на дрога и алкохол, по што Џастин изненадно ја откажа светската турнеја, со цел да се врати на, како што тој кажа, вистинската насока на неговиот живот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.