Следи нѐ
To Top

Од утре повремени врнежи од дожд и пад на температурите

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен, особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. 

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

реклама

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре температурата ќе биде од шест до 18 степени, во Скопје од 8 до 16 степени.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Температурите ќе опаднат така што минималните ќе изнесуваат од четири до 9 степени, а максималните темпратури од 8 до 13.

Во вторник и во среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од среда ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.

Во среда минималните темпратури ќе изнесуваат од 3 до 10 степени, а максималните од 9 до 15.

Во четврток се предвидуваат и минусни температури. Така максималните за овој ден се предвидува да бидат од минус еден до 8 степени, додека максималните од 13 до 19 степени.

Во петок ноќните и утринските температури ќе бидат од минус два до седум степени, додека максималните од 16 до 23 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.