Следи нѐ
To Top

Започна 16. издание на викендот на мода во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со четири ревии вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“ започна шеснаесеттиот Моден викенд Скопје , под мотото на сезоната #Stopthetraffik.

Сезоната есен-зима 2017/2018 ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски.

реклама

– „Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток.“, вели Ѓоргиевски за својата колекција.

Публиката ја виде и најновата колекција на „Sigma Jewelry“ инспирирана од богатата традиција, засилена со тонови на розево и бело злато, а истовремено проткаена со модерен изглед, кој ги отвoра сетилата на секоја жена. И оваа сезона ни претставуваат уникатни парчиња накит кои симболизираат среќа, женственост и елеганција во хармонија со перфектна изработка и особено внимание на сите вградени детали.

За колекцијата „Маршот на боговите“ која ја прикажа Викторија Арсовска, вели дека е „презентирана женственост и сексапил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали. Корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни ремени и метални копчиња, додека лелеавоста на истите се противи на крутиот штоф.“

Со колекцијата наречена „Art deco“ на „Ателје Коцарева“ заврши првата модна вечер.

– „Колекцијата “Art deco” е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начи го осликува совршениот стил на 20-тите години.“, вели Моника Коцарева.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.