Следи нѐ
To Top

Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а милион Фејсбук

Во Македонија интернет користат 1.503.000 луѓе или 72,2 отсто од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (75,5 проценти) и во Хрватска (74,4 проценти). Зад Македонија се рангирани Црна Гора (69,9 проценти), БиХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8 проценти).

реклама

Во Европа интернет користат 659,6 милиони луѓе, а Фејсбук 343,2 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користи во Исланд и во Норвешека, речиси 100 проценти од жителите, а најмалку интернет корисници има во Украина 52,5 проценти.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,88 милијарди интернет корисници или 51,7 отсто од вкупната светска популација, а 1,7 милијарди луѓе имаат Фејсбук профили.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.